Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

За време на новогодишните и божиќните празници паркирањето во општина Центар ќе биде без наплата за сите граѓани.

Како што информира ЈП Паркинзи на Општина Центар, согласно Одлуката на претпријатието на први јануари 2024 година сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари 2024 година со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници, на 6 јануари, 7 јануари и 8 јануари 2024 година, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 9 јануари 2024 година со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Слични содржини