Откако работеше 10 години на една од најомилените комедии, култната серија „Пријатели“ и оттогаш во голем број холивудски филмови, Анистон очигледно има доволно пари да си го дозволи најдоброто од најдобрите кога станува збор за здравјето и убавината.
Сепак, не е сè до тоа што можете да платите, а кога стигна во нејзините 50-ти години, ѕвездата сподели некои од добрите навики кои ги има и ѝ помогне да остане здрава.
Актерката претходно зборуваше за тоа дека се чувствува „навистина добро“ по вежбањето, истакнувајќи дека тоа предизвикува проток на ендорфин и пумпање на крвта.
„Се грижам за единственото тело што го имам“, рече таа.
Во интервју за Vogue, Анистон исто така зборуваше дека внимава на типот на информации што ги добива за да ѝ помогне да се фокусира на она што е важно.
Таа, исто така, откри дека се воздржува наутро да не гледа во телефонот, велејќи:
„Не гледам во мојот телефон барем првиот час по будењето. Менталната разлика што ја прави ова влијае на целиот ден. Ги имам моите полначи во фиока подалеку од креветот и имам мал iPod или iPhone што строго ги користам како аларми“.
Анистон, исто така, се обидува да направи паузи од социјалните мрежи, опишувајќи ги платформите како „токсични“.
Кога станува збор за производите за убавина, Анистон јасно стави до знаење дека не работи со ниту еден бренд освен ако навистина не верува во она што тие го нудат.
„Она што мајка ми ми го кажуваше беше: ‘Овде се работи за долговечноста. Привилегија е да старееме, но не мора да се разболуваме’“, навела таа.
„Тоа беше некако тема во мојот живот: Да уживам во мојата возраст и да не гледам на стареењето како негативно, туку како на привилегија каква што е. Сите старееме“, додава таа.