290
Хеликоптери на американската морнарица денеска потопија три од четирите мали чамци на Хутите кои планираа да го нападнат трговскиот брод „Маерск Хангжу“ во јужниот дел на Црвеното Море, соопшти американската Централна команда.
Како што се наведува, како одговор на повиците за помош од бродот „Маерск Хангжу“, хеликоптерите „УСС Ајзенхауер“ и „УСС Гравели“ возвратиле на чамците на Хутите во самоодбрана и потопиле три пловила, пренесува „Гардијан“.
Никој од потопените чамци не преживеал, а Хутите со четвртиот чамец побегнале, се вели во соопштението на американската Централна команда.