Ентони Хопкинс го прославува својот 86-ти роденден

од Stefanija Kuzmanovska
548 прегледи

Познатиот актер Ентони Хопкинс денеска го прославува својот 86-ти роденден.

Тој е роден како Филип Ентони Хопкинс на 31 декември 1937 година во Маргам, Велс.

Хопкинс бил многу лош ученик и имал дислексија, што уште повеќе му го отежнувало учењето. Почнал да се занимава со глума на 17 години, а во таа одлука го охрабрил славниот Ричард Бартон.

Дипломирал во 1957 година на Велшкиот колеџ за музика и драма во Кардиф. После тоа, служел војска две години, а потоа се преселил во Лондон, каде што станал практикант на Кралската академија за драмски уметности.

Тој глумел во театарот со години, а потоа во 1965 година Сер Лоренс Оливие го забележал и го поканил да се приклучи на Кралскиот државен театар. Таму постигнал успех, а потоа во 1968 година добил можност да глуми во филм.

Тоа беше остварувањето „Зима на еден лав“, каде Хопкинс го толкуваше ликот на принцот Ричард и играше рамо до рамо со Тимоти Далтон. Ентони продолжува да глуми и во театарот, но се повеќе се стреми кон филмски и телевизиски улоги. Наскоро тој дебитирал во телевизиска серија – „Болва во нејзиното срце“, а оттогаш постигнува се повеќе и повеќе успеси во филмови и серии.

Хопкинс вчера на Инстаграм им ги честиташе празниците на сите, а во исто време откри дека има уште една причина за славење – 48 години не се напил алкохол.

Слични содржини