Има заробени луѓе под урнатини по земјотресот во Јапонија

од Radmila Tasevska
216 прегледи

Најмалку шест лица се заробени под урнатини на полуостровот Ното кој денеска беше погоден од силен земјотрес.

Засега нема информации за состојбата на луѓето под урнатините.

Пожарите во градот Ваџима на полуостровот се чини дека уништиле голем број куќи. Се уште нема извештаи за повредени или загинати. Локалното население е евакуирано во локалната полициска станица, но таму не е обезбедена итна помош за нив.

Јошимаса Хајаши, главниот портпарол на владата, на прес-конференција во Токио изјави дека јапонските сили се подготвени да бидат распоредени за да помогнат во спасувачките и хуманитарните напори во погодената област.

Хироши Хасе, гувернерот на Ишикава, најтешко погодената префектура, наводно бил во посета на Токио за новогодишниот празник и не може да се врати бидејќи летовите и брзите возови се прекинати поради земјотресот.

Градските власти на Сузу во јапонската префектура Ишикава изјавија за Си-Ен-Ен дека има оштетени згради и повредени луѓе.

Во меѓувреме, полицијата на Сузу соопшти дека примила неколку пријави за луѓе заробени во нивните куќи, јави НХК. Полицијата и противпожарната служба се обидуваат да ја проценат ситуацијата.

Слични содржини