Од 170 израелски војници кои загинаа во Појасот Газа за време на копнената офанзива, 29 биле убиени во дејствија со нивни колеги војници или загинале во други несреќни случаи, соопшти израелската армија.
Како што е наведено, 18 војници загинале во размена на оган со нивни колеги војници поради грешна идентификација, а тоа вклучува воздушни напади, гранатирање со тенкови и оган од пешадиско оружје.
Двајца војници загинаа од погрешно наведувани проектили, а девет во несреќи како што се случајно пукање со оружје, прегазување од возила и шрапнели од контролирани проектили.
Армијата процени дека голем број причини довеле до овие смртоносни несреќи, вклучително и обемот на војници кои дејствуваат во Газа, проблеми во комуникацијата меѓу силите, замор на војниците и непочитување на правилата на службата.