276
Саудиска Арабија официјално се приклучи на блокот БРИКС, објави денеска саудиската државна телевизија.
Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фајсал бин Фархан, во август изјави дека кралството ќе ги проучи деталите пред предложениот датум за пристапување на 1 јануари и ќе донесе „соодветна одлука“, објави Ројтерс.
Тој посочи дека групата БРИКС е „корисен и важен канал“ за зајакнување на економската соработка.