Жител на Мичиген, чие име не е објавено, освои 842,4 милиони долари на лотаријата „Powerball“ на 1 јануари и стана првиот добитник што е извлечен во новата 2024 година.
Наградата се зголеми од 810 милиони на 842 милиони на крајот на минатата година, што е петта по големина премија на лотаријата Powerball и 10-та во споредба со другите лотарии во САД, пренесува Асошиејтед прес.
Шансите за добивка на лотаријата „Powerball“ се 1 спрема 292,2 милиони.