226
Во Северна Лапонија, Шведска, во вторникот вечерта биле измерени минус 43,6 степени и тоа е најстудената јануарска ноќ во цела Шведска во последните 25 години, објави шведскиот јавен сервис SVT.
Како што соопшти Шведскиот институт за хидрологија и метеорологија, во метеоролошката станица Квичо-Орењарки на северот од земјата, температурите не биле толку ниски од почетокот на работата на станицата во 1881 година.
Окрузите Вестерботен и Норботен забележаа минус 25-35 степени Целзиусови, а студот сега се шири кон југот на Шведска, каде се очекуваат минус 18 степени.