Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 248 руски воени заробеници се вратени во Русија од Украина како резултат на „комплексни“ преговори со посредство на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека повеќе од 200 украински воени заробеници се вратени од Русија, пренесе Ројтерс.
Овие две земји, кои се во војна речиси две години, и претходно разменија воени заробеници.