323
Локалните медиуми јавуваат дека Израел вечерва извршил нов напад врз Либан.
„Ал Џезира“ објави дека била погодена трикатна станбена зграда на југот на Либан, и дека има жртви.
An Israeli airstrike on a 3 storey building in Naqoura, casualties reported. pic.twitter.com/2N83HpDtfv
— Ali Hashem علي هاشم (@alihashem_tv) January 3, 2024
Потсетуваме, министерот за надворешни работи на Либан, Абдала Бу Хабиб, денеска во разговор со Кристијана Аманпур изјави дека „има чувство дека не вовлекуваат во поширока војна“.
„Сакаме мир на потребната граница. Проблемот е што настаните во Газа влијаат на настаните во Либан бидејќи има проблеми кои не се решени повеќе од 75 години. Според тоа, и ние имаме проблеми“, рече министерот Бу Хабиб.