Во Финансии има одлив на кадар и треба да се надополни, вели Бесими за зголемиот број на огласи за вработувања

од Nikola Popovski
336 прегледи

Во Министерството за финансии има одлив на кадар и постојано треба да се надополни. На шест месеци сме имале одливи. Во 2022 година имало 67, 2023 -40, 2021 година 56 одливи на вработени, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими во однос на зголемениот број на огласи за вработувања во јавните институции, особено во неговиот ресор.

Според министерот, дел од ова се прави за тие што биле со определено работно време, да можат да добијат статус на редовен работен однос, но преку јавен оглас на конкурентен начин.

-Не значи дека исти се вработуваат. Ова е дел од таа поширока реформа затоа што се констастира дека тие што се со определено време, им треба сигурност на работното место, за да привлечеме поквалитетни кадри и тоа е за сите институции. Притоа во Буџетот да нема никакви разлики, кажа Бесими.

Министерот истакна дека во последните години се намалува бројот на администрацијата.

-Секоја институција е должна за да ги привлече ефикасните работници. Вработените во јавниот сектор треба да знаат дека за секое нивно место, минимум уште девет други чекаат и земаат плата од нашите даноци како граѓани. Треба да служат на граѓаните, истакна првиот човек во ресорот финансии.

Слични содржини