Американската театарска и филмска актерка, добитничка на наградата Тони, Глинис Џонс, почина денеска на 100-годишна возраст од природна смрт, во дом за стари лица во Лос Анџелес, соопшти денеска нејзиниот менаџер Мич Клем.
Џонс била позната како перфекционист кога станува збор за глумата, прецизна, аналитичка и одлучувачка, а улогите кои ги прифаќала морале да бидат повеќедимензионални, пренесува АП.
„Што се однесува до мене, не сум заинтересиранa да играм улога на само едно ниво… Целта на првокласната глума е да стане реалност“, изјави Џонс за Асошиетед прес во 1990 година.
Својот најголем успех го постигна со улогата на Дезир Армфелд во филмот „Мала ноќна музика“, за кој во 1973 година ја освои наградата Тони.
Позната е и по улогата на мајка во филмот „Мери Попинс“.