Највисокиот италијански суд го заврши случајот стар 30 години. Во петокот конечно беше донесена пресуда со која беше утврдено дека Диего Армандо Марадона не затаил данок. Пресудата беше донесена три години по смртта на Марадона.
Марадона беше обвинет дека користел лажни компании во Лихтенштајн за погрешно прикажување на приходите на клубот помеѓу 1985 и 1990 година. Обвинението се однесуваше на плаќањата на Наполи за правата на сликата и името.
„Конечно е готово и конечно можам да кажам дека Марадона никогаш не затаил данок“, изјави неговиот адвокат Анџело Писани за Ројтерс.
Касациониот суд во Рим ја укина одлуката донесена во 2018. Пресудата конечно и јавно беше објавена.
Истрагата за овој случај започна во почетокот на деведесеттите години на минатиот век, а резултираше со обвинение дека Марадона затаил 37 милиони евра данок, како и конфискација на неколку негови предмети при посетата на Италија.
Неговиот адвокат рече дека конечно стигнала правдата за „неговите фанови, вредностите на спортот, но најважно – споменот на Марадона“.
„Ова конечно го става прогонството што тој го трпеше 30 години под надгробната плоча“, заклучи Писани.