Заработувал по 10.000 евра дневно, но за него тоа бил најлошиот период во неговиот живот

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Иако некогаш тоа било неговата најдобра финансиска заработка, 41-годишниот актер Џејми Дорнан сега призна дека ги мразел деновите кога заработувал како модел.

Некако изненадувачка е изјавата кога се знае дека заработувал повеќе од 10 илјади евра дневно и бил заштитно лице на најпознатите модни брендови – Келвин Клајн, Диор и Армани.

Говорејќи на Радио Тајмс, тој сега рече дека мрази да позира за фотографи.

„Мразев да ме фотографираат. Цели десет години, добро ми беше платено за да ме фотографираат други. Ако си дозволите да си го поставите прашањето „зошто е така“, тогаш сте сј*бани. Само треба да го прифатите. Без оглед на причината, тие сакаат да ве фотографираат. Почнете со тоа, забавувајте се и уживајте во возењето. Така направив и јас, иако сето тоа го мразев од многу причини“, призна Џејми Дорнан и додаде дека и ден денес мрази да се фотографира.

А вратата во шоубизнисот му ја отвори реалното шоу Model Behaviour, за кое го напуштил и колеџот. Претходно тој призна дека тој момент бил пресуден за неговата кариера, иако тој речиси не ја прифатил можноста.

Слични содржини