Пцовките стануваат се поприфатливи, тврдат лингвистите

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Во изминатите две децении, пцовките станаа поприфатливи, бидејќи се почесто се користат за други цели освен за навреда на луѓе, велат лингвистите.

Јазичните експерти ги дадоа коментарите откако водителот на Би-Би-Си, Мишал Хусеин, го употреби непристојниот збор седум пати за помалку од една минута за време на интервјуто со министерот за внатрешни работи, Џејмс Клеверли.

Двата најчесто користени пцовки во Велика Британија – „e*и се“ и „ср.ње“ – често се користат за да се истакне поентата во разговорот или да се изградат социјални врски, а не со конкретна намера да се предизвика навреда, пишува лондонски „Гардијан“.

Слични содржини