Модно координирано дуо: Славната Германка и нејзината ќерка блеснаа во гламурозни фустани

од Vladimir Zorba
389 прегледи

Германскиот супермодел и ТВ лице, Хајди Клум се појави на хуманитарната гала Art of Elysium Heaven што се одржа во Лос Анџелес и блесна во гламурозна облека.

Заедно со Хајди, на настанот присуствуваше и нејзината ќерка, 19-годишната Лени Клум, која како неа заплови по модните води.

На гала вечерта таа го привлече вниманието во блескав црвен фустан без прерамки, додека 50-годишната Хајди се одлучи за фустан со идентична силуета – во беж боја и со цветен дезен постигнат со златни светки извезени на тулот.

Слични содржини