Рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на Божиќ ветил дополнителна поддршка за војниците „кои со оружје во рацете ги бранат интересите на Русија“.
Тој доцна синоќа ги примил семејствата на руските војници кои загинаа во Украина и во таа прилика ѝ наредил на руската влада да им даде поголема поддршка на оние кои се уште се борат и го повикал народот да биде милостив и праведен.
„Многу од нашите луѓе, нашите храбри момци, херои, руски воини и сега, на овој празник, ги бранат интересите на нашата земја со оружје во рака“, кажал Путин во обраќањето.
Државната телевизија прикажала како Путин присуствувал на божиќна литургија со членовите на убиените војници, во капелата во неговата резиденција во Ново-Огарјево во близина на Москва, пренесува Ројтерс.
Годинава Путин не повика на примирје во Украина за време на празниците, како што направи минатата година.