Бред Пит тврди дека снимањето на овој хорор филм влијаело на неговата психа

од Nikola Popovski
426 прегледи

Актерот Бред Пит во својата кариера глумеше многу сложени ликови, но за улогата во еден филм истакнал дека тоа влијаело врз неговото ментално здравје. И не толку самиот лик, туку целиот процес на снимање.

Како што пренесува „Far Out Magazine“, снимањето на „Interview With The Vampire“ во 1994 година лошо влијаело на Бред Пит. Овој филм е базиран на истоимениот роман на Ен Рајс, а Бред Пит ја играше главната улога покрај Том Круз. Актерот како најголем проблем на овој филм го истакнал макотрпниот процес на снимање.

-Беше тешко да се снима. Го завршив снимањето на „Legend of the Fall“ и веднаш го започнав овој проект. Прво, сè се одвиваше во мрак. Филмот го снимавме три месеци во Њу Орлеанс, во целосен мрак, снимавме по цели ноќи. Постои воведна сцена во филмот која е снимана преку ден, но тоа е се. Целиот филм е во темнина. Сето тоа почна многу да влијае на мојата психа, изјавил Пит во интервју, пренесува „Far Out Magazine“.

Слични содржини