Во неколку наврати во досегашниот период е презентирано како одговоривме кон кризите со повеќе мерки и политики како и посебни пакети на антикризни мерки кои вкупно го чинеа буџетот околу 2,7 милијарди евра дизајнирани во девет пакети, пишува министерот за финансии Фатмир Бесими во својата редовна колумна.
„Тие содржеа различни мерки, во зависност од екстерните шокови и категориите на граѓани и фирми кои беше најнеопходно да се заштитат. Сетот на мерки за одговор кон пандемијата вкупно чинеше околу 1,2 милијарди евра со главна насока да се спасат животите и заштити здравјето на граѓаните, зачуваат работните места и да се одржи во живот економијата која хибернира.
Втората група на мерки, односно сетот на мерки како одговор на енергетската и потоа ценовната криза го чинеше околу 760 милиони евра во главно за апсорбирање на ударот на кризата врз социјално ранливите категории на граѓаните и стопанството. Последниот пакет на мерки достигна 662 милиони евра, и главно, е одговор на продолжениот ефект на ценовната криза која се состои со мерки за заштита на стандардот на граѓаните, помош за најранливите категории на граѓани, но и поддршка на стопанството со поволни кредити во услови на високи каматни стапки, клучно за ликвидноста, но и за инвестициите во стопанството со развојна компонента за одржлив раст, зелена транзиција и дигитална трансформација.
Со оглед на фактот дека кризите беа повеќекратни и испреплетени со различни импликации во повеќе области, а со самиот факт дека непредвидливоста стануваше сѐ поактуелно и се зголемуваше, а притоа фискалниот простор се стеснуваше, стратегијата на дизајнирање на антикризните мерки се одвиваше од општи и брзи интервенции, кон селективни, потаргетирани и попретпазливи интервенции за да не се нарушат пазарните принципи и да се зачува фискален простор за во иднина да се одговори на непредвидливи кризни состојби, но во исто време да се поддржат инвестициите и структурните реформи за постигнува одржлив и забрзан економски раст на среден и долг рок“, пишува, меѓу другото, Бесими.