185
Од 1.588 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие „реални“ повици биле 40,87 отсто, додека 59,13 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Од реалните повици кон 112 во ЦУК, како што информираат утрово, кон полиција биле упатени 41,38 отсто, кон итната медицинска помош 48,01 проценти, кон пожарникарите 3,08 отсто, а кон АМСМ од реалните повици 0,89 отсто.
Немало регистриран пожар, ниту барање за интервенција.