Одбраната на таткото на Вања Ѓорчевска најави жалба за притворот

од Nikola Popovski
419 прегледи

До Апелацискиот суд ќе биде поднесена жалба за притворот на таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар, најави неговиот адвокат. Одбраната на Ѓурчевски ќе бара, и Јавното обвинителство да објасни зошто неговиот клиент сè уште не бил повикан на распит.

Оттаму велат дека Ѓорчевски веќе дал исказ, негирајќи негова инволвираност и какви било сознанија за двојното убиство. И по нешто повеќе од еден месец од убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во тек се истражни дејствија.

Контроверзниот српски политичар Срѓан Ного, кој изминатите денови објавуваше фотографии во врска со двојното убиство на Вања и Панче, пред два дена сподели видео, во кое наведе повеќе претпоставки и теории на заговор, наместо докази како што тврдеше претходно.

Во видеото во времетраење од еден час и 13 минути, Ного изнесува критики кон македонската полиција и кон македонското Јавно Обвинителство и ги обвинува дека го наместиле таткото на Вања Ѓорчевска. Меѓу другото, Ного посочува дека таткото до моментот кога е доведен во Судот да даде исказ, не знаел дека неговата ќерка е убиена.

-Тоа му е соопштено подоцна кај обвинителот. Полицијата криела од него од моментот кога е уапсен на 3-ти декември. Некој поставил новинари да бидат спремни и да го фатат моментот кога крева палци при носењето во Судот. Со тоа е остварена сатанизација врз Александар – таткото монструм крева палци, а ќерка му е убиена. Преку ова најдобро ја гледате целата бесрамноста на режисерот на апсењето и сатанизацијата на Александар, посочува меѓу другото српскиот политичар, додавајќи дека таткото е невин.

Во врска со објавените снимки од српски политичар, Обвинителството веќе апелираше, лицата кои објавуваат вакви снимки да размислат за етичноста и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите.

Слични содржини