Новиот премиер на Франција: Еден од приоритетите е повторно вооружување на државата

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Новоименуваниот француски премиер, Габриел Атал денеска му се заблагодари на претседателот Емануел Макрон за неговото назначување, додавајќи дека еден од неговите главни приоритети ќе биде повторното вооружување на Франција.

„Благодарам господине претседателе за довербата“, напиша Атал на социјалната мрежа „Икс“ и изјави дека неговата политика ќе се заснова на „задржување контрола над нашата судбина, искористување на францускиот потенцијал и повторно вооружување на нашата земја“.

Атал додаде дека во последните месеци ја посветил „целата своја енергија“ на обновата на францускиот образовен систем.

Слични содржини