208
Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (UNRWA) соопшти дека Појасот Газа станал „најлошото место на земјата“.
„Газа е најлошото место на земјата, а енклавата се претвора во место кое не е погодно за живеење“, изјавил портпаролот на UNRWA, Аднан Абу Хасна, пренесува Анадолија.
Тој додал дека 1,9 милиони луѓе се раселени ширум Газа, „од кои околу 1,4 милиони бараат засолниште во 155 училишта и засолништа под управата на Обединетите нации“.