🎥Турски Togg го претстави електричниот седан T10F на CES

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Турскиот бренд за електрични автомобили Togg го претстави својот нов модел на седан на големиот саем за потрошувачка електроника CES 2024 во Лас Вегас во САД, јавува Анадолија.

„Моделот, со „fastback“ линии, се вика „T10F““, објави компанијата на социјалната мрежа X.

Togg го претстави првиот прототип на електрично возило во Турција во декември 2019 година. Во 2022 година, компанијата ја започна фазата на масовно производство на својот прв модел, T10X, и почна да го доставува до клиентите минатата година. Досега се испорачани околу 20.000 автомобили T10X.

Целта на компанијата е да произведе еден милион возила, пет различни модели, до 2030 година.

Togg, кој стана симбол на високотехнолошкиот напредок во Турција, се очекува да претстави нови модели во наредниот период.