ОН: Потребна е хуманитарна помош за 40 отсто од населението на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
135 прегледи

На повеќе од 14,6 милиони луѓе, или околу 40 отсто од населението на Украина, ќе им биде потребна хуманитарна помош оваа година, објави Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Околу 6,3 милиони луѓе заминаа во странство поради војната.

„Цивили секојдневно умираат и претрпуваат повреди, додека нивните куќи и критичната инфраструктура се уништени“, се вели во соопштението.

Нападите врз Украина се интензивираа од 29 декември.

„Семејствата ширум Украина ја дочекаа Новата година под звуците на сирените за воздушни напади, криејќи се во засолништа и метро станици или во подрумите на нивните домови“, соопшти OCHA.

Координаторот на ОН за вонредни состојби Мартин Грифитс и високиот комесар за бегалци Филипо Гранди во понеделник, 15 јануари, во Женева треба да ги претстават координираните планови „за спасување животи и решавање на страдањата“ предизвикани од руската инвазија на Украина.

Слични содржини