Кога зборуваме за НАТО, треба да кажеме дека и ние сме НАТО. Комуникацијата е секојдневна, на различни нивоа. Биле поставувани прашања. Официјална писмена реакција нема, но секој вид на комуникација го сметаме за заинтересираност за тоа што се случува и тоа е легитимно, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска за инцидентот во контролата на летање на М-НАВ и реакциите од Воената алијанса.
Како што информира министерката, во моментот на денот кога групата упадна во просториите на зградата, на аеродромот во Скопје слетале два авиони од земји-членки на НАТО со определена намена, па оттаму јасен е интересот на земјите-членките кои го изразуваат за случувањата.
-Сега ги повикуваме останатите институции да го завршат својот дел од задачата, рече Петровска, упатувајќи апел до правосудните органи.
Претседателот Стево Пендаровски вчера информира дека имало високи претставници на НАТО кои прашувале дали е безбедно небото и за авиони на НАТО,