216
Фантастична комбинација на состојки.
Состојки:
– 500 гр мисиркино бело месо
– 4 дл јогурт
– 100 гр кашкавал
– 100 гр презла
– 2 лажици магдонос
– бибер, сол, по вкус
– малку масло
Подготовка:
Кашкавалот крупно изрендајте го, магдоносот ситно исечкајте го, а месото исечкајте го на шницли.
Во сад измешајте кашкавал, магдонос и презла.
Зачинете ги шницлите со бибер и сол по вкус, потопете ги во јогурт и валкајте ги во смесата со кашкавал.
Премачкајте огноотпорен сад со масло, наредете ги подготвените шницли и преостанатиот јогурт истурете го врз нив и покријте ги со алуминиумска фолија.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, потоа извадете ја алуминиумската фолија и оставете ги шницлите да заруменат.
Послужете со помфрит или по желба.