Никол Кидман: Добив Оскар, а потоа јадев помфрит на подот и си легнав сама

од Stefanija Kuzmanovska
427 прегледи

Познатата оскаровка Никол Кидман, откако ја освои познатата златна статуа за улогата на Вирџинија Вулф во филмот The Hours од 2003 година, сфатила дека ѝ е потребна промена во животот.

Иако овој момент во животот на актерите се смета за еден од најважните, Кидман во тој момент сфатила дека „потфрлила“ на други полиња од животот.

Болниот развод од Том Круз, две години претходно и лошите односи со нивните посвоени деца, Изабела и Конор, имале ефект дури и доделувањето на оваа награда да не може да ја намали нејзината осаменост.

„И додека на професионален план се беше идилично, во приватниот живот страдав. Но, тоа се случува, нели? Отидов дома, нарачав достава и вечерав на подот од мојата соба во хотелот Беверли Хилс. Седнав на подот и јадев помфрит и бургер со моето семејство, а потоа си легнав. Дури тогаш сè ме погоди и сфатив дека морам да најдам љубов, бидејќи ми треба во животот. Легнав сама, пред полноќ. Денес, ако повторно го освојам, нема да се вратам дома во 12 часот“, навела таа.

После тоа, таа требало да присуствува на забава организирана од магазинот Vanity Fair, но првично не сакала да го прифати тоа.

„Буквално влегов и ја носев наградата наоколу, но бев целосно скршена и емотивна, цело време се тресев и воопшто не уживав. Посакувам да можев повеќе да уживам“, заклучила таа во книгата 50 Oscar Nights.

Слични содржини