Приведен кумановец баран со потерница

од Radmila Tasevska
219 прегледи

Полициски службеници попладнево уапсиле кумановец, кој бил баран со потерница.

-Денеска околу 17 часот во атарот на општина Ростуше од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги лишен од слобода е Б.Н. (34) од Куманово, кој бил баран со потерница по наредба од Основен суд Куманово за затворска казна од две години за сторено кривично дело по член 236 став 1 од КЗ на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштуваат од МВР, лицето ќе биде спроведено во КПУ Затвор Куманово.

Слични содржини