„Ова што се случува е парадокс“: Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот за купувањето на имотот на Мијалков од Мијалков

од Vladimir Zorba
408 прегледи

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу во изјава за МИА вели дека парадокс е тоа кога од таткото имотот го зема синот, во случајот со купувањето на трите стана и гаража на Водно, конфискувани од екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, во случајот „Империја“ од неговиот син Јордан Мијалков.

-Ова што се случува е парадокс кога од таткото имотот го зема синот. На Агенцијата ѝ е најважно дека тие пари што се стекнати на криминален начин, ги вративме кај граѓаните, заради тоа што законот им дозволува на сите правни и физички лица да учествуваат во јавната аукција, освен осудениот, потенцира Небиу.

Посочува дека тие немаат законска можност да го ограничат тоа. Најважно, вели тој, е парите се враќаат кај граѓаните.

-Јас сум за да се смени законот, да нема право блиската фамилија да учествува на аукцијата и веќе почнавме постапка за тоа, рече Небиу.

Слични содржини