231
Јужна Африка денеска на отворањето на сослушувањето пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг, во врска со тврдењето на земјата против Израел за наводниот геноцид во Појасот Газа, изјави дека Израел го подложува палестинскиот народ на апартхејд и геноцид.
Јужна Африка тврди дека Израел го прекршил членот 2 од Конвенцијата за геноцид на Обединетите нации од 1948 година, со тоа што извршил дела кои спаѓаат во дефиницијата за геноцид, објави Ројтерс.
Постапките на Израел покажуваат шема на систематско однесување од кое може да се заклучи дека станува збор за геноцид, изјави адвокатката на Високиот суд на Јужна Африка, Адила Хасим.
Јужна Африка, исто така, бара од МСП итно прекинување на израелската воена кампања во Појасот Газа.