Цените на нафтата се зголемија откако американските и британските сили започнаа напади врз Хутите, бунтовници поддржани од Иран во Јемен, по серијата напади од нив врз бродови во Црвеното Море, објави „Ројтерс“.
Ова ја поттикна загриженоста за ширењето на конфликтот во регионот богат со нафта.
Глобалните цени на нафтата денеска се зголемија за повеќе од 1 отсто, бидејќи ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток поттикна загриженост за можни прекини во снабдувањето.
Американската компанија „Брент“ со сурова нафта моментално тргува за 78,77 долари за барел, што е пораст од 1 отсто, додека West Texas Intermediate (WTI) тргува за 73,58 долари по барел, што е за 1,02 отсто повеќе во споредба со претходниот период.
На расположението на пазарот влијае и намалувањето на цената во Саудиска Арабија како и зголеменото производство во земјите на ОПЕК. Американските и британските напади врз Хутите претставуваат најдраматична ескалација на конфликтот на Блискиот Исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври.