📷🎥 Nissan Ariya Nismo

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Како што беше најавено, Nissan го претстави новиот модел Nismo на автосалонот во Токио.

Очекувано, тоа е спортската Nismo верзија на електричниот кросовер Ariya (базиран на Ariya e-4ORCE), чија продажба во Јапонија е најавена за пролет.

Ariya Nismo доаѓа со аеро каросерија (преден спојлер, странични прегради, спојлер на багажникот, поголем спојлер на покривот, модифициран заден браник), црвени акценти, алуминиумски тркала од 20 инчи, гуми Michelin Pilot Sport, изменета суспензија, подобрена управливост, како  и префинет ентериер (спортски седишта, црвени детали на централната конзола и контролната табла…).

Плус, има ексклузивен режим на возење Nismo што ја максимизира реакцијата и прави Ariya да звучи како тркачки автомобил во Формула Е.

Јапонците ќе добијат две верзии на Ariya Nismo; послаб со 270 kW/362 КС и 560 Nm (со батерии од 66 kWh), или 320 kW/429 КС и 600 Nm (батерии 91 kWh).

Nissan сè уште не ги објавил податоците за перформансите.