ГЕНЕРАЛ-ПОЛОВКОВНИК Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка агенција на Украина, рече дека нападите на неговата земја врз Крим минатата година се „само почеток“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски често повторуваше дека една од неговите цели во војната е да ја врати контролата врз Крим, кој Русија го нападна и го анектираше во 2014 година.
Во последните неколку месеци Киев изврши неколку напади врз руските позиции на Крим. Еден од нив се случи минатиот месец, а беше насочен кон руската црноморска флота во кримското пристаниште Феодосија. Тоа резултираше со уништување на големиот десантен брод Новочеркаск.
Според Буданов, Путин оваа година може да очекува уште повеќе напади на Крим. „Во 2023 година се случија првите украински упади во привремено окупираниот Крим“, изјави Буданов за „Монд“. „И ова е само почеток“, додаде тој.
Шефот на украинското разузнавање, исто така, спомена дека Москва поставува поморска база на брегот на Црното Море на Абхазија во Грузија по нападот на Киев врз базата на руската флота во Севастопол. „Русите мораа брзо да преместат сè на југоисток“, рече тој.
Буданов е еден од најистакнатите украински функционери, кој точно предвиде дека Путин ќе нападне неколку месеци пред почетокот на војната. Денес тој е еден од најважните воени функционери во Киев и често им дава информации на медиумите за војната.