МО на Русија: Уништени три украински ракети над Курската област

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Системите за противвоздушна одбрана уништија три проектили на украинскиот тактички ракетен систем „Точка-У“ над Курската област, соопшти денеска руското министерство за одбрана, пренесува РИА Новости.

Курската област се наоѓа на запад од Русија, на границата со Украина.

Откако ја нападна Украина во февруари 2022 година, Русија речиси секојдневно објавува за обиди за напад на дронови и ракети од територијата на Украина на пограничните области, Крим и Москва.

Слични содржини