Дали знаете што е „понеделнички синдром“ и зошто толку многу не ни се допаѓа овој ден?

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Ако веќе во недела попладне почнете да кукате дека утре е понеделник, не грижете се – не сте единствените. Дури и научниците се занимаваа со „понеделничкиот синдром“, верувајќи дека промената на ритамот на спиење за време на викендот влијае на општата состојба на телото.

Понеделник е денот кога луѓето најмногу доцнат на работа, на училиште, на факултет… Многумина тврдат дека во понеделник нивната концентрација е помала, работната ефикасност е преполовена, а најчести се конфликтните ситуации.

Зошто би ја започнувале секоја недела со ден што не ви се допаѓа?

Променете ги вашите навики. Направете го понеделникот различен: станете рано, појадувајте добро, разбудете се со музика, правете 15 минути од она што го сакате (што и да е тоа), размислете за убавите работи што ве очекуваат во текот на неделата…

Здружете се со колегите со кои работите и помагајте си еден на друг да го „преживеете“ понеделник што е можно полесно. Ако имате добри односи со луѓето со кои работите, секој понеделник е како повторно да се поврзете со нив, а на луѓето генерално им се допаѓа чувството на припадност во тим.

Слични содржини