Македонското знаме забрането за пренос на Aвстралија Oпен

од Vladimir Zorba
945 прегледи

Македонската заедница во Австралија алармираше дека Македонското знаме е забрането за пренос преку камерите на тенискиот турнир Австралија Опен, покрај знамињата на Палестина, Израел, Русија, Белорусија и Тајван кои исто така се забранети.

На овој престижен натпревар настапува и нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, а македонското знаме е цензурирано од страна на организаторот поради непознати причини!

Иако официјално никаде не е забрането нашето знаме на овој турнир, сепак дадени се инструкции на камерманите воопшто да не го прикажуваат.

Граѓани на социјалните мрежи бараат реакција од МНР и амбасадорите.

Слични содржини