155
Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) извести за нов сериозен инцидент во Црвеното Море.
Според агенцијата, британската компанија за поморска безбедност Амбра објавила дека товарен брод кој пловел под знамето на Малта, а во сопственост на Грција бил погоден со проектил.
Засега не се знае дали има загинати или повредени во нападот, ниту колкава е штетата.