Санкциите против Русија не ја уништија економијата на земјата, ниту пак успеаја да го доближат мирот во Украина, изјави за порталот „Експрес“ унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
– Очигледно е дека се што е досега направено не донесе успех. Многу оружје е испорачано, но војната само се пролонгира. На Украина и се исплатени многу пари, но уништувањето на таа земја продолжува. Исто така, санкциите на ЕУ не ја доведоа на колена руската економија, ниту нè доведоа поблиску до мирот – рече дипломатот.
Според него, неопходно е што поскоро да се промени сегашниот пристап кон Русија.
– Сепак, во регионот има многу поголеми земји од нас и тие треба да играат важна улога тука – додаде тој.
„Спречете ја испораката на оружје за Киев“
Сјарто изјави дека конфликтот во Украина може да се стави крај со прекин на испораката на оружје за Киев.
– Колку повеќе оружје испорачуваат, толку подолго трае војната. И колку подолго трае војната, толку повеќе луѓе ќе гинат – рече Сијарто.
Тој посочи и дека најважно е да се одржуваат каналите за комуникација.
– Кога се среќавам со мојот руски колега Сергеј Лавров, ме критикуваат многу европски колеги и во Брисел. Но, според мене, без канали за комуникација, воопшто нема надеж за мир – рече Сијарто.
Според него, конфликтните страни треба да бидат принудени да седнат на преговарачка маса и да склучат мир.
– Знаете дека на тоа прашање гледаме од многу специфичен агол. Во таа војна загинаа и Унгарци. Во Украина има голема унгарска дијаспора, чии членови се регрутираат во украинската армија и се испраќаат на фронтот каде што умираат. Затоа сакаме таа војна да престане – изјави Сијарто.
„Европската унија слабее“
– Гледаме дека Европската унија е се послаба и послаба. Таа веќе ја нема тежината што ја имаше некогаш во светската политика и глобалната економија. Бројките го докажуваат тоа. Порано ЕУ имаше втор најголем удел во светскиот БДП, а денес е само на трето место – рече Сијарто.
Згора на тоа, додаде тој, има војна на континентот и не се преземени чекори кон мир.
– И Брисел се придржува до централистички пристап наместо да им дозволи на земјите-членки да ги решаваат проблемите кои многу подобро самите можат да ги решат – посочи унгарскиот премиер.
Претходно, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека на Украина и е потребна стабилна финансиска и воена помош за да и се спротивстави на Русија.
Европската унија воведе 12 пакети санкции кон Русија од февруари 2022 година.