Пејачката Дуа Липа проговори за војната во Газа во интервју за магазинот Rolling Stone.
Таа објасни зошто секогаш ги истакнувала своите пропалестински ставови и уште еднаш повика на прекин на огнот во Газа.
Како што навела, таа чувствувала потреба да проговори, иако е многу полесно да се биде аполитичен со оглед на работата која ја работи.
„Мислам дека нема длабока дискусија за војната и угнетувањето. Тоа е само нешто што го гледаме дека се случува одново и одново. Моето постоење е на некој начин политичко, фактот што живеев во Лондон затоа што моите родители побегнаа од војна“, рече Дуа Липа и појасни: „Јас сочувствувам со луѓето кои мораат да го напуштат својот дом. Од моето искуство на Косово и разбирањето што значи војна, никој навистина не сака да го напушти својот дом. Тие го прават тоа за заштита, за да го спасат своето семејство, за да се грижат за луѓето околу себе, нешто такво, за подобар живот. Така што тоа го чувствувам блиско“.
Dua Lipa speaks on the conflict between Israel and Palestine in a new interview with @RollingStone:
“At the moment, what we have to look at is how many lives have been lost in Gaza, and the innocent civilians, and the lives that are just being lost. There are just not enough… pic.twitter.com/KAzuCgOWik
— Dua Lipa News (Fan Account) (@dlipanews) January 16, 2024