📽 Изразот на лицето на Рајан Гослинг на доделување на награди стана хит: Се огласи Ева Мендез

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Актерот Рајан Гослинг неодамна присуствуваше на доделувањето на наградите Critics Choice, а видеото од неговиот израз на лицето од настанот стана вирално.

Имено, песната „I’m Just Ken“ која Гослинг ја отпеа за потребите на филмот „Barbie“ ја доби наградата за најдобра песна, а актерот во моментот на прогласување на победникот направи израз на лицето кој насмеа многумина.

Рајан одмавна со главата и шеговито ги преврте очите, а потоа стана и им аплаудираше на авторите на песната Марк Ронсон и Ендрју Вајат.

„Рајан Гослинг, ова е наша и ваша награда. Со својата неспоредлива изведба ја натеравте публиката да се вљуби во оваа песна и ви благодарам за тоа“, изјави Ронсон при примањето на наградата.

На сопругата на Гослинг, Ева Мендез ѝ се допаднал моментот, па го објави видеото од нејзиниот сопруг како превртува со очите на доделувањето на наградите на Инстаграм и напиша: „Го сакам“.

Слични содржини