Откриена „валкана“ тајна на Бред Пит од младоста

од Stefanija Kuzmanovska
346 прегледи

Бред Пит е холивудска ѕвезда со децении, но одвреме-навреме се појавуваат приказни за неговата негрижа за личната хигиена. Иако овие наводи отсекогаш останале во доменот на озборувањата, сега постојат потенцијални докази дека можеби има одредена вистина во сето ова.

Имено, актерот Џејсон Пристли (кого домашната публика го памети по улогата на Брендон Волш во хит серијата од деведесеттите „Беверли Хилс, 90210“) неодамна гостуваше во емисијата Live with Kelly and Mark и се присети на својот заеднички живот со Бред Пит.

Открил дека Пит бил пристоен цимер, но нешто друго му оставило силен впечаток.

„Игравме игра за да видиме кој може да издржи подолго без туширање. Сега размислувам за тоа и си велам: ‘Колку одвратно, што ли си мислеше?’“

На прашањето на водителката кој издржал подолго без туширање, Пристли одговори:

„Бред. Секогаш Бред. Мислам дека веќе не го прави тоа, но тогаш можеше да помине долго време без да се истушира“.

Слични содржини