208
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до православните верници по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.
– На овој ден кога водата станува симбол на чистота и обнова, нека се разлие благосостојба во секое семејство и дом и нека ни биде потсетник за обновување на нашата вера и духовно просветлување. Водици е празник на длабоките вредности на христијанството – љубовта, милоста и прошката. Нека оваа светла порака биде водич во нашиот секојдневен живот, поттикнувајќи нè на дела на добрина и соживот, пишува Спасовски во честитката објавена на Фејсбук.
Спасовски заедно со премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува и на чинот на положување на светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје.