Арнолд Шварценегер неодамна беше приведен на аеродромот во Минхен, по што мораше да плати казна од 35.000 евра.
Актерот проговори за инцидентот и се обиде да се пошегува.
„Мислам, ние секогаш ги започнуваме работите со многу драма. Тоа го видовме. Можете ли да верувате дека одеднаш бев со лисици”, рече тој, додавајќи дека не бил приведен поради часовникот туку поради „жешката ноќ“ со девојката Хедер Милиган. пишува TMZ.
„Тоа е неверојатно. Сериозно, жената на царината ми рече: „Ако не се однесуваш добро, ќе ти ставам лисици“, рече тој.
Додаде дека откако го пронашле часовникот, цариниците почнале да бараат други, но не нашле.
„Не го најдоа затоа што го сокрив. Не можам да ви кажам каде е“, се пошегувал познатиот актер.
Потсетуваме, познатиот холивудски актер Арнолд Шварценегер е приведен на аеродромот во Минхен бидејќи не го пријавил скапиот часовник „Audemar Piget“ на царина.