Големата порота во Ново Мексико денеска го обвини актерот Алек Болдвин за убиството на кинематограферката Халина Хачинс за време на снимањето на „Раст“, неколку месеци откако првичниот случај против него беше отфрлен.
Болдвин е обвинет за убиство од небрежност, со што повторно ја отвори кривичната постапка против него за фаталното пукање пред повеќе од две години на проба за време на сет.
На обвинителката Кара Т. Морисеј ѝ беше доделен случајот против Болдвин минатата година, откако првобитното обвинение беше отфрлено, пишува Њујорк Тајмс.
Според законот на Ново Мексико, доколку биде осуден за убиство од небрежност, Болдвин може да се соочи со затворска казна до 18 месеци.
BREAKING: Actor Alec Baldwin has been indicted by a grand jury in New Mexico for involuntary manslaughter from the 2021 'Rust' shooting.
This is the second time Baldwin has faced charges in the death of cinematographer Halyna Hutchins.
If convicted, Baldwin could face up to… pic.twitter.com/e3Tkncp7Pt
— Collin Rugg (@CollinRugg) January 19, 2024