Приведен неготинец кој со возило не застанал на полициски сигнал и се обидел да удри во полициско возило

од Radmila Tasevska
218 прегледи

Приведен е млад неготинец, кој со „мерцедес“ не застанал на полициски сигнал и се обидел да удри во полициско возило, информираа денеска од СВР Велес.

– Синоќа во 22:30 часот на клучката Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Б.М., на возраст од 28 години. Претходно, на автопатот во близина на Неготино, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал. Но, тој продолжил со движење по локалните улици во Неготино и се обидел да удри во службено полициско возило, појаснуваат од СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини