228
Украина не планира да ги запре нападите длабоко на руска територија, и покрај загриженоста на западните партнери на Украина за можен руски одговор, изјави шефот на Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданов.
Тој во интервју за „Фајненшл тајмс“ рече дека таквата смела тактика на напади со украински беспилотни летала предизвикува загриженост кај некои од партнерите на Украина, кои предупредуваат дека тоа може да предизвика поостар одговор од рускиот претседател Владимир Путин, можеби дури и со употреба на нуклеарно оружје.
Буданов вели дека Украина ќе продолжи да работи длабоко во Русија за да ја „саботира воената машина на Путин“, пренесува агенцијата „Униан“.