Минхен: Демонстрациите против крајната десница се прекинати поради премногу учесници

од Radmila Tasevska
224 прегледи

Демонстрациите против екстремната десница организирани денеска во Минхен беа прекинати поради преголемиот број луѓе на улиците, јавија германските медиуми.

Организаторите најавија дека на тој протестен марш дошле над 50.000 луѓе, што е двојно повеќе од пријавениот за него. Според други проценки, таа бројка е уште поголема.

Во големите германски градови со денови се организираат демонстрации против екстремната десница, пред се против се попопуларната АфД.

Се почести се барањата за забрана на партијата, која го користи незадоволството од даночните реформи на актуелната влада за да ја популаризира својата антиимигрантска политика.

Слични содржини