Кличко: Украина сè повеќе станува автократија

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, истакнува дека знае дека неговата земја е во војна и дека треба да покажат единство со владините претставници, собрани околу знамето и претседателот Владимир Зеленски. Но, Кличко вели дека има одговорност да зборува за она што го гледа како оддалечување на Украина од демократските принципи за кои треба да се бори.

Во очите на градоначалникот на Киев, Украина оди во погрешна насока, станува сè повеќе и повеќе автократија.

„Во изминатите 23 месеци, главните телевизиски канали во земјата емитуваа една програма, ‘Обединети вести телемаратон’, за која Кличко тврди дека остава малку простор за различни гласови – додека новинарите кои го критикуваат претседателот Володимир Зеленски и неговата администрација биле под притисок“, пишува The Globe and Mail.

Кличко нагласи дека од почетокот на специјалната воена операција во февруари 2022 година, повеќе од 200 градоначалници и претседатели на локални совети се сменети со воени администратори во Украина.

Двете мерки биле донесени за време на вонредната состојба која ја прогласи Зеленски. Сепак, Кличко изразува загриженост дека слободите и реформите за кои се бореа Украинците за време на двете прозападни револуции сега се поништуваат.

„Движењето, она што сега го гледаме, не можам да кажам дека е демократија. Мириса на авторитаризам. Зад ова стои желбата на некои луѓе, не можам да им ги кажам имињата, кои сакаат сè да биде централизирано. Затоа гледаме централизирани медиуми и телевизии во Украина, а тие се обидуваат и да ја централизираат власта, да изградат хиерархија“, вели Кличко во интервју за The Globe and Mail.

Поранешниот светски шампион во бокс откри дека ја споделил својата загриженост во разговорите со западните амбасадори во Киев, пренесува RT Balkan.

На прашањето дали некои од тие дипломати ги споделуваат неговите стравови, тој кратко одговорил: „Да“.

Слични содржини